Дома Фудбал Паника на „Камп Ноу“ – се одложи потпишувањето на Дембеле!

Паника на „Камп Ноу“ – се одложи потпишувањето на Дембеле!

Младиот француски фудбалер Осман Дембеле кариерата ќе ја продолжи во Барселона, откако каталонскиот клуб постигна договор со Борусија Дортмунд за негов трансфер.

Дембеле утрово пристигна во Барселона, успешно ги помина медицинските прегледи, па требаше попладнево да биде претставен на „Камп Ноу“.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


На стадионот на Барселона има повеќе од 15.000 фанови кои чекаат да ја видат новата ѕвезда, но Дембеле треба најпрво да го потпише договорот, па потоа да излезе на презентација.

Шпанските медиуми пренесуваат дека дошло до проблеми и договорот сеуште не е потпишан. Потпишувањето моментално е одложено, бидејќи Борусија Дортмунд ја нема испратено целата потребна документација.

Поради тоа Дембеле можно е најпрво да излезе на терен и да се претстави пред навивачите, а потоа да го потпише договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид подготвува засилувања за одбраната: Три имиња се во игра!

Ибраима Конате, Марк Гуехи и Дајо Упамекано следното лето стануваат слободни играчи и се ш…