Дома Фудбал Паника во Реал Мадрид пред Ел Класико

Паника во Реал Мадрид пред Ел Класико

Иако борбата за титулата во Шпанија е завршена, престојното Ел Класико помеѓу Барселона и Реал Мадрид секако дека никогаш нема да биде „обичен“ натпревар за двете страни.

Пред неделното Ел Класико кое се игра на „Камп Ноу“, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан има големи кадровски проблеми.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Од порано е познато дека во конкуренција за мечот со Барса нема да бидат Карвахал и Иско, а денес „кралевите“ ги потресе веста дека може да останат и без Рафаел Варан.

Како што пренесуваат шпанските медиуми Варан поради проблеми со бутниот мускул бил приморан да ги пропушти последните два тренинга, па големи се шансите да не биде во можност да игра на „Ел Класико“.

Тоа би значело дека на негово место ќе мора да игра Начо, а на десната бековска позиција повторно принудно ќе се најде Лукас Васкез, како против Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид нуди нов договор на Куртоа

Реал Мадрид ќе му понуди нов договор на Тибо Куртоа со идеја да го задржи до 2028 година, …