Дома Топ вести Пандемијата ги промени плановите: Реал има нов план за Мбапе

Пандемијата ги промени плановите: Реал има нов план за Мбапе

Не е тајна дека ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе биде примарна трансфер цел на Реал Мадрид. Овој трансфер ќе биде исклучително тежок за реализација, па „кралевите“ смисија нова стратегија.

Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Франција, откри дека клупските челници никако не можат да постигнат договор со Килијан Мбапе, околу продолжувањето на соработката за уште неколку сезони.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Репрезентативецот на Франција има договор до 2022 година, па следното лето ќе влезе во последната година од договорот, а токму тоа е и желбата на Реал Мадрид.

„Кралевите“ сакаат да ја повторат истата стратегија како со Еден Азар и кога Мбапе ќе влезе во последната година од договорот да го стават ПСЖ пред „свршен чин“.

Поради финансиската криза предизвиката од пандемијата Реал Мадрид не е во можност да го реализира трансферот ова лето, па поради тоа сметаат дека ова е „идеална“ стратегија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…