Дома Фудбал Репрезентации Пандев: Утре е мојот последен натпревар за Македонија

Пандев: Утре е мојот последен натпревар за Македонија

Стефан Даскалов за Спортски од Амстердам

Капитенот Горан Пандев на денешната прес-конференција потврди дека ова е негов последен натпревар во кариерата во дресот на Македонија.

„Да, ова за мене е последен натпревар во дресот на македонска репрезентација. И јас и моите колеги заедно со селекторот, направивме нешто што не знам дали ќе биде повторено. Сакам да им порачам на моите соиграчи да се пласираат на Светското првенство, станува збор за фантастични играчи кои играат во големи клубови и верувам дека можат тоа да го остварат“.

Натпреварот со Холандија ќе биде посебен за него.

„Сигурно дека натпреварот ќе биде посебен, се надевам дека ќе ги израдуваме навивачите со позитивен резултат. Среќен сум што се оствари мојот сон да играм со Македонија на едно големо натпреварување. Не знам дали би имало подобра прилика во иднина, ќе се простам на еден легендарен стадион како „Јохан Кројф“, изјави Пандев.

Пандев ова го најавуваше подолго време, а сега тоа го потврди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Матераци: Интер пропушти два Скудета; Италија играше против вонземјани во 2006

Марко Матераци смета дека Интер требаше да освои повеќе титули со тимот кој го имаат... …