Дома Фудбал „Падна“ првиот тренерски отказ во Ла Лига оваа сезона

„Падна“ првиот тренерски отказ во Ла Лига оваа сезона

Eкипата на Селта утрово се раздели со тренерот Оскар Гарија поради лошиот стат на сезоната.

Селта новата сезона ја започна само со една победа во девет натпревар и тоа беше доволно шпанскиот прволигаш да се раздели со искусниот Гарсија. Ова е првиот тренерски отказ оваа сезона во Ла Лига.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Оскар Гарсија и неговиот стручен штаб повеќе нема да ја водат Селта, клубот им се заблагодарува на соработката и професионалноста во изминатиот период, како и за опстанокот во една комплицирана сезона. Исто така клубот им посакува среќа во иднина“, соопштија од Селта.

Гарсија во Селта дојде во ноември минатата година, а во јуни доби нов двегодишен договор откако го спаси клубот од испаѓање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова арена од 1,4 милијарди евра и Белингем – Планот на клубот од Чемпионшип

Бирмингем Сити ги објави амбициозните планови за изградба на нов суперстадион со вредност …