Барселона и Манчестер Сити се во напредни преговори за трансфер на Феран Торес, пренесуваат каталонските медиуми.
Чави силно го посакува шпанскиот репрезентативец во јануари, бидејќи сака да го засили нападот, а и самиот играч сака да се врати во Шпанија.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Барселона испратила понуда од 45 милиони евра плус 15 милиони во вид на бонуси, а „граѓаните“ се спремни да ја прифатат и да го пуштат Феран Торес бидејќи не сакаат незадоволни фудбалери.
Каталонците преговараат за трансфер во јануари, со задолжителен откуп на крајот на сезоната, а според каталонски „Спорт“ трансферот е пред реализација.
Феран Торес веќе постигнал комплетен договор со Каталонците за 5-годишна соработка.