Дома Македонски спорт Официјално: Ѓоко Зајков направи трансфер во Романија

Официјално: Ѓоко Зајков направи трансфер во Романија

Maкедонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков од денес и официјалн ое фудбалер на романската Универзитате Крајова.

Трансферот од Ворксла Полтава од Украина беше најавен уште пред една недела, а сега стигна и потврда. Зајков со овој тим потпиша договор на две ипол години и ќе му се приклучи на тимот на подготовките во Анталија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во Ворскла Зајков се задржа една година, меѓутоа поради агресијата на Русија првата половина од минатата година ја помина како позајмен фудбалер во Славија Софија.

Зајков зад себе има 22 настапи за А-селекцијата на Македонија, беше дел и од Еуро 2020, додека во кариерата настапуваше за Работнички, француски Рен, Шарлоа од Белгија и бугарскиот Левски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…