Дома Фудбал Англија Официјално: Челзи е шампион на Англија, Ливерпул испадна!

Официјално: Челзи е шампион на Англија, Ливерпул испадна!

Тимот на Челзи и официјално е прогласен за шампион на Англија во Женската супер лига, потврди Фудбалската асоцијација.

„Сините“ беа на второто место на табелата при прекинот на сезоната во март и заостануваа еден бод зад лидерот Манчестер Сити. Меѓутоа, „граѓанките“ имаа одиграни 16 меча, а Челзи еден помалку.

После гласање сите клубови одлучија крајната табела да се пресмета со алгоритам, па Челзи го зеде трофејот пред Манчестер Сити.

Третото место го освои минатогодишниот шампион Арсенал, додека Манчестер Јунајтед заврши на четвртото место.

Од Женската супер лига испадна Ливерпул, кој беше на последното 12-то место со само 6 освоени бода. На нивно место од Чемпионшип доаѓа тимот на Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Како Рашфорд си поигра со дефанзивецот на Брајтон 🎥

Манчестер Јунајтед денес победи (2:3) во еден луд натпревар во кој судијата досуди пенал в…