Челзи денес го официјализираше седмото засилување, а станува збор за голманот Едуард Менди кој доаѓа од редовите на Рен.
По долги преговори со Рен, двата клуба го договорија трансферот за сума од 22 милиони фунти.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
„Возбуден сум што сум во Челзи. Го исполнив мојот сон со доаѓањето во ваков тим. Едвај чекам да се запознаам со новите соиграчи и да почнам со работа“ изјави Менди.
28-годишниот Сенегалец најверојатно ќе биде прв избор кај Лампард, со оглед на лошата форма на Кепа.
It’s official! Edouard Mendy is a Blue! ✍️?#WelcomeMendy
— Chelsea FC (@ChelseaFC) September 24, 2020