Дома Фудбал Италија Официјално: Тиаго Мота е нов тренер на Јувентус

Официјално: Тиаго Мота е нов тренер на Јувентус

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Тиаго Мота е нов тренер на Јувентус!

Бразилецот со италијански пасош потпиша тригодишен договор со „старата дама“, откако претходно направи „чудо“ со Болоња и ја однесе до Лигата на шампиони.

Мота имаше фантастична играчка кариера во Барселона, Атлетико, Џенова, Интер и ПСЖ. Тренерската кариера ја почна во младинските категории на ПСЖ, а потоа ги водеше Џенова и Специја, пред да седне на клупата на Болоња во 2022 година.

Во Јувентус ќе има за задача да го врати шампионскиот трофеј во Серија А, кој се чека веќе ќе четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аталанта го прекина низот порази со победа над Венеција

Аталанта ја прекина низата од три порази со победа од 3-1 против Венеција, благодарение на…