Дома Топ вести Официјално: Симеоне ја откри својата иднина!

Официјално: Симеоне ја откри својата иднина!

Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне објави дека и наредната сезона ќе го предводи клубот, со што стави крај на шпекулациите дека би можел да биде идниот тренер на Интер од Милано.

„Останувам во Атлетико. Останувам тука бидејќи клубот има иднина, а таа иднина е заедничка за сите нас. Деновиве ќе имам состанок со раководството да видиме што понатаму. Имаме солидна основа“, изјави Симеоне.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Атлетико сезоната ја заврши на третото место во Примера, а од доаѓањето на Симеоне, зимата 2012 година, клубот ја освои Примера, шпанскиот Куп, Супер купот на Шпанија и Супер купот на УЕФА, како и Лига Европа.

Атлетико синоќа го совлада Атлетик Билбао 3:1 во својот последен меч на „Винсенте Калдерон“, од наредната сезона „јорганџиите“ ќе играат на новиот ултра модерен стадион „Ванда Метрополитано“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ова е лудо: Клуб за натпревар од францускиот куп ќе патува ресчиси 24 часа и ќе прелета 36.000 километри!

Во петок започнува седмата рунда од Францускиот фудбалски куп со учество на 128 екипи, а е…