Дома Фудбал Официјално: Севиља остана без тренер

Официјално: Севиља остана без тренер

Како и што се очекуваше, од раководството на Севиља објавија дека Хоаким Капарош нема да биде тренер на тимот следната сезона.

63-годишниот шпански стратег дојде како привремен тренер после отказот на Пабло Мачин во март. Сега ќе се врати на местото спортски директор.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ова беше трет мандат на Капарош на тренерското столче на Севиља и е тренер со намногу натпревари – вкупно 241.

Се уште не е јасно кој ќе го наследи, но шпанските медиуми пишуваат дека фаворит е Еусебио ди Франческо, бившиот тренер на Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Силва по завршувањето на епизодата во Сити се сели во Барселона?

На крајот на сезоната ќе го испразни својот ормар во „Етихад“ и како слободен играч ќе бар…