Дома Фудбал Официјално: Руди Гарсија е нов тренер на Наполи

Официјално: Руди Гарсија е нов тренер на Наполи

Наполи ја заврши потрагата по нов тренер и официјално потврди дека на кормилото ќе седне Руди Гарсија.

Спалети оваа сезона го освои Скудетото и реши да го напушти кормилото на Наполи.

Многу тренерски имиња се споменуваа како негови наследници, а денес на големо изненадување претседателот Де Лаурентис го објави името на новиот тренер.

Руди Гарсија до неодамна беше тренер на Ал Наср, каде доби отказ поради лошите резултати.

Претходно со успех ги водеше екипите на Лил и Рома, а сега се враќа во Серија А на кормилото на италијанскиот шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ривалството настрана: Таткото на Јамал со Кукуреља собра четирипати повеќе лајкови отколку со Роналдо

Мунир Насрауи објави фотографија со Марк Кукуреља и порака за нивната врска со Матаро. Обј…