Дома Трансфер зона Официјално: Наполи го потврди второто засилување

Официјално: Наполи го потврди второто засилување

Наполи денес и официјално го потврди трансферот на Станислав Лоботка од Селта, што е второ засилување за тимот оваа зима.

После неколкунеделни преговори двата клуба конечно пронајдоа заеднички јазик, па вчера фудбалот ги мина лекарските прегледи и денес трансферот беше официјално потврден.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Наполи за потписот на Лоботка ќе плати 20 милиони евра, плус 4 милиони во име на бонуси, а Словакот денес потпише договор до 2024 година според кој ќе заработува 1,8 милиони евра по сезона.

Лоботка е второто засилување за тимот на Гатузо во јануари, претходно од Лајпциг пристигна Диего Деме за 12 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…