Португалскиот репрезентативец Жоао Марио и официјално е играч на Вест Хем, потврди клубот на својата официјална страна.
25-годишниот играч за врска доаѓа од Интер на позајмица до крајот на сезоната за која „чеканите“ платија 1,1 милион евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Многу сум среќен што сум дел од овој клуб. Ова ќе биде неверојатно искуство затоа што се приклучувам на одличен тим. Навистина ми е драго што сум тука. Среќен сум што ќе играм во Премиер лигата“, изјави Жоао Марио.
Португалецот во 2016 година пристигна во Интер за 40 милиони евра како европски шампион, но не успеа да се наметне во тимот на „нероаѕурите“.
? DEAL DONE: West Ham have signed Joao Mario from Inter Milan on loan until the end of the season. (Source: @WestHamUtd) pic.twitter.com/pftvSqAvYg
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 26, 2018