Шпанската фудбалска федерација одлучи да го закаже заостанатиот натпревар помеѓу Селта и Реал Мадрид на 17 мај, кој ќе се одигра во пресрет на последното коло во Примера.
Објаснувањето за донесената одлука беше дека и двете екипи имаат обврски со европските настапи, по која паднаа во вода сите протести од страна на Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата од Галиција е голема надеж за Каталонците и се надеваат дека ќе може да го запре Реал во походот кон титулата, а потврда за тоа е елиминацијата на „кралевите“ во Купот на Кралот токму од Селта.
Реал до крајот ќе зависи само од себе и доколку успее да победи на сите натпревари ќе стигне до толку посакуваната домашна титула.