Легендата на српскиот фудбал, Дејан Станковиќ официјално е назначен за нов тренер на најтрофејниот унгарски клуб Ференцварош, потврди на својот официјален сајт учесникот во Конференциската лига.
Станковиќ по лошата епизода во Сампдорија ќе има нов тренерски ангажман и ќе предводи уште еден гигант од овие простори откако седеше на клупата на Црвена Звезда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На стартот од сезоната Ференцварош беше предводен од Русинот Станислав Черишов, но по елиминацијата од Класвик во квалификациите за Лигата на шампионите доби отказ, привремено клубот го водеше Чаба Мате.
Како и во Сампдорија и тука прв помошник на Станковиќ ќе му биде Ненад Сакиќ.