Фудбалерот на Академија и повремен македонски репрезентативец Бојан Димоски направи трансфер во Русија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Димоски беше претставен како нов фудбалер на Акрон Тољати. Димоски потекнува од школата на Тетекс, потоа заигра за Вардар каде што дебитираше во сениорска конкуренција.
Најдобрите настапи ги покажа во Академија Пандев каде што во изминатите три сезони беше еден од најважните фудбалери.
Во овој момент Димоски е со репрезентацијата на Македонија и по натпреварот со Англија на 19-ти јуни (понеделник) ќе се придружи на Акрон кој изминатата сезона во Втората лига во Русија заврши на 9-тата позиција.