Дома Трансфер зона Официјално: Борусија Дортмунд има нова „деветка“!

Официјално: Борусија Дортмунд има нова „деветка“!

Денеска и официјално беше потврден трансферот на Себастијан Але во Борусија Дортмунд.

28-годишниот напаѓач имаше одлична година ипол во Ајакс, постигнувајќи 47 гола и додавајќи 16 асистенции на 65 натпревари под водство на Тен Хаг кој сега го презема Манчестер Јунајтед.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега тој е подготвен за нова епизода во кариерата. Борусија го купи за сума од 33 милиони евра плус бонуси, се очекува тој заедно со Карим Адејеми да ја надоместат големата загуба со заминувањето на Норвежанецот во Манчестер Сити.

Поранешниот играч на Ајнтрахт и Вест Хем ќе го има и бројот на Халанд – Але е новата „деветка“ на германскиот тим. Але стави потпис на договор до 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…