Катарскиот Ал Духаил купи и трет играч од Јувентус.
Јувентус на стартот од овој преоден рок ја полни касата со продажбите на фудбалерите кои се сметаа за вишок. После Манџукиќ и Перин си замина и напаѓачот Хан Кванг Сон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентативецот на Северна Кореа денес го комплетираше трансферот во катарскиот Ал Духаил. Во овој клуб минатото зимо од Јувентус пристигна Мехди Бенатија, додека неодамна Ал Духаил го доби и Манџукиќ. Соработката помеѓу Јувентус и Ал Духаил продолжи денес со зделката вредна пет милиони евра.
Сон како тинејџер дојде во Каљари на проба и ја помина. На 16 години доби место во првиот тим, а на 17 години дебитираше во Серија А и стана првиот фудбалер од Северна Кореа кој заиграл во италијанскиот шампионат.
Потоа беше позајмен на Перуџа во Серија Б. Таму прикажуваше добри настапи и го привлече вниманието на Јувентус кој го обезбеди неговиот потпис. Сон се врати во Каљари, но после шест месеци повторно беше позајмен во Перуџа на една година за минатото лето Јувентус во целост да го откупи неговиот договор за пет милиони евра и да го остави да игра во младинскиот тим кој се натпреварува во Серија Ц.