Дома Трансфер зона Откриено колкава плата би добивал Игуаин во Челзи?

Откриено колкава плата би добивал Игуаин во Челзи?

Според пишувањето на островските медиуми, Гонзало Игуаин добил конкретни бројки.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За 30 годишниот фудбалер кој зад себе има богата кариера, голем интерес покажуваат Челзи и Милан, а откако во Јувентус пристигна Кристиано Роналдо стана јасно дека Игуаин ќе ја промени средината.

Како што пренесуваат островските медиуми, Челзи е спремен на Игуаин да му понуди договор според кој Аргентинецот би заработува 120.000 фунти неделно, додека Милан секако не може да му понуди такво нешто.

Јувентус за Игуаин на Наполи му плати околу 90 милиони евра, а популарниот „Пипита“ за две сезони во Јувентус постигна 55 погодоци и запиша 12 асистенции.
Кога во прашање е фудбалерот, многу веројатно тој би ја прифатил оваа понуда, но и Јувентус нешто се прашува.

Но, не треба да се заборави и дека Јувентус и Милан преговараа околу евентуален трансфер на Игуаин во Милано во кој би бил вклучен и стоперот на „росонерите“ Леонардо Бонучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…