За фановите на Барселона, но и за останатите љубители на фудбалот беше изненадување зошто Луис Енрике во последно време воопшто не смета на услугите на Иван Ракитиќ, кој средбите ги следи од клупите за резерви.
Андре Гомеш често добиваше предност пред Хрватот, на последните средби откако се врати Иниеста пред него настапува и Денис Суарез, па дури и Рафиња во моментов се наоѓа пред Ракитиќ во хиреархијата на Енрике.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јас не морам да ги образложувам своите одлуки на фудбалерите. Никогаш не сум го правел тоа, ниту пак ќе го правам. Ракитиќ бил и се уште е добар играч на Барса, а јас ќе морам да ги прифатам критиките, но ќе продолжам да го правам она што е најдобро за екипата“, изјави Луис Енрике.
Магазинот „Дон Балон“ открива дека односите меѓу двајцата се нарушени речиси цел месец, откако Енрике прочитал изјава на Ракитиќ во која Хрватот истакнал дека би сакал еден ден да заигра за Пеп Гвардиола.
Тренерот на Барса го окарактеризирал ова како „флерт“ со Манчестер Сити во период кога Ракитиќ се уште разговара за нов договор со каталонскиот гигант, па според „Дон Балон“ токму затоа екс фудбалерот на Севиља сега средбите ги следи од клупата за резерви.