Дома Трансфер зона Откриени двете најголеми трансфер желби на Мурињо

Откриени двете најголеми трансфер желби на Мурињо

Жозе Мурињо пред неколку официјално беше промовиран во нов менаџер на Тотенхем каде потпиша договор до 2023 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите на Островот веќе ја открија и првата трансфер желба на „Специјалниот“ за зимскиот преоден рок. Станува збор за неговиот сонародник Бруно Фернандеш кој треба да биде наследник на Кристиан Ериксен.

Фернандеш минатата сезона блесна во дресот на Спортинг Лисабон и ова лето беше на мета на многу европски гиганти, меѓу кои и Тотенхем. Клубот од Лисабон потврди дека Тотенхем ова лето испратил понуда за плејмејкерот, но двете страни не успеале да се договорат околу обештетувањето.

Сега трансферот треба да го забрза Мурињо, кој по секоја цена сака да го донесе својот сонародник во Тотенхем, а трансферот би требало да изнесува околу 60 милиони евра.

Покрај Фернандеш, Мурињо го посакува и стоперот на Бенфика и португалски репрезентативец Рубен Дијас. На крајот на сезоната му завршува договорот на Алдервајлед, па „Специјалниот“ во Дијас гледа идеална замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…