Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике го шокира фудбалскиот свет откако изненадо реши да стави крај на кариерата.
35-годишниот Пике ја објави одлуката на социјалните мрежи и се збогува со фановите на каталонскиот гигант, а наскоро ќе го одигра последниот меч на „Камп Ноу“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој имаше договор со Барселона до летото 2024 година, но реши да го раскине договорот и со тоа да се откаже од голема сума пари.
Шпанските медиуми откриваат дека причината за таквата одлука е што Пике не се чувствувал воопшто заштитен од клубот по оркестираната кампања насочена против него посебно по мечот со Интер.
Тој е последен избор кај тренерот Чави, а раководството постојано му приговарало дека неговата плата е оптеретување за клубот.
Според медиумите Пике ќе и прости на Барселоа сума од 30 милиони евра. Станува збор за платата до 2024 година која изнесува 15 милиони и останати 15 милиони кои клубот му ги должи од претходно.