Дома Фудбал Италија Откриена причината за лошата форма на Влаховиќ: Се разделил со девојката?!

Откриена причината за лошата форма на Влаховиќ: Се разделил со девојката?!

Душан Влаховиќ игра во лоша форма од почетокот на сезоната, а во последно време се најавуваше и дека тренерот Тијаго Мота може да го пресели на клупата за резерви.

Медиумите во Италија сега пишуваат и за можната причина за ваквата форма на српскиот напаѓач.„Тутоспорт“ тврди дека Влаховиќ има љубовни проблеми поради кои не можел да се фокусира на настапите на теренот.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Врската на Влаховиќ со Вања Богдановиќ е во криза и двата се разделиле. Напаѓачот и ги избришал сите заеднички фотографии“, објави весникот кој е со седиште во Торино, па е добро упатен со случувањата во клубот.

Сезонава Влаховиќ постигна само два гола и тоа против Верона на 26. август. Кога е репрезентацијата на Србија во прашање повикот минатиот месец го одби со објаснување дека станува збор за „семејни причини“, а сега воопшто не се најде на поширокиот спиок кој го објави селекторот Пикси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Одложен натпреварот на Њукасл: Се отворила голема дупка на стадионот 🎥

Tимот на Вмблдон од Англија беше принуден да го одложи натпреварот од Лига купот против Њу…