Едисон Кавани е слободен агент откако му заврши договорот со ПСЖ, но се уште нема потпишано за ниту еден клуб.
Напаѓачот и се понудил на Барселона и побарал 2-годишен договор со плата од 8 милиони евра по сезона, но Каталонците го одбиле.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
33-годишниот Уругваец преговараше со Бенфика, но не упсеа да ги договори личните услови, а долго време се поврзуваше и со трансфер во Атлетико Мадрид.
Последните информации од Шпанија говорат дека Уругваецот сега му се понудил на Реал Мадрид.
Тешко дека „кралевите“ ќе се согласат да му понудат договор на напаѓачот, бидејќи Зидан како алтернатива за Бензема во моментив ги има Лука Јовиќ и Мајорал.