Пред само три години години стигна до титулата на Светското првенство со репрезентација на Германија, а денес…
Се сеќавате ли на Кевин Гроскројц? Да, беше познат како проблематичен фудбалер, ретко кога ги почитуваше клупските кодекси, а цената на тоа ја наплати кога стана условно кажано зрел играч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Израсна во Рот Вајс Ахлен, од каде што го доведе Борусија Дортмунд во 2009 година, Со Гроскројц во тимот Борусија Дортмунд освои две титули во Бундеслигата, играше во финалето од Лигата на шампионите, после што пропадна и денес ретко кој се сеќава на него.
Има 29 години, а во 2015 година неговата кариера тргна во надолна линија.
Неговите проблеми започнаа надвор од теренот, не се залагаше на тренинзите и натпреварите, па беше прекомандуван во вториот тим на Борусија, а потоа се обидуваше да ја спаси кариерата во Галатасарај.
Но, во турскиот гигант запиша само еден лигашки настап. Се врати во Германија во тимот на Штудгарт, а токму тука го допре дното. Западна во проблеми после едно вечерно излегување, потоа клубот го „почасти“ со исписница.
Kevin Großkreutz has been hospitalised after being attacked on a night out at 2:15am Monday night [Bild] pic.twitter.com/2M9FwNcf3x
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) March 1, 2017
Тогаш не сакаше да има повеќе ништо со фудбалот, а тоа го кажа и на простувањето со клубот кој тогаш се натпреваруваше во втората лига. Сепак и покрај најавите тој не ја заврши кариерата.
Во овој момент тој е член на Дармштад каде што сеуште го чека своето деби.