Дома Актуелно Озил уште летово може да ја заврши кариерата и да стане – гејмер!

Озил уште летово може да ја заврши кариерата и да стане – гејмер!

Месут Озил не успеа да се наметне во првиот тим на Фенер додека тренер беше Исмаил Картал, а а искусниот фудбалер се надеваше дека со доаѓањето Жорже Жесус тоа може да се промени.

Меѓутоа, Жесус по пристигнувањето во Фенербахче изјави дека според него времето на Озил е поминато и сака да им даде шанса на некои помлади играчи, иако Германецот има договор на уште две години.

Поради тоа се појавија информации дека Озил размислува дури и да ја заврши кариерата, со што би отворил нова страница во животот.

Неговиот агент Еркут Согат изјави дека не е невозможно Озил да ја заврши кариерата ова лето доколку Жесус го отпише во Фенербахче. Тој откри и што сака да прави германскиот играч во иднина.

“Мислам дека повеќе нема да игра фудбал во друг клуб. Кога ќе заврши во Фенербахче, тоа ќе биде крај на неговата кариера. Тој веќе влегува во светот на „Еспортот“, многу гледа и игра видео игри. Колку што знам тоа сака да прави во иднина. Навистина е добар и не треба да се изненадите ако наскоро почне професионално да се занимава со тоа“, изјави Согат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Омонија води против Манчестер Јунајтед 🎥

Можеби Манчестер Јунајтед има иницијатива и повеќе удари кон голот, но Омонија на домашен …