Дома Трансфер зона Озил дојде како ѕвезда, а од Арсенал ќе си оди бесплатно?

Озил дојде како ѕвезда, а од Арсенал ќе си оди бесплатно?

Месут Озил како голема ѕвезда дојде во Арсенал, но нема да замине со таков статус.

Арсенал е спремен да се откаже од Месут Озил без оштета, пренесуваат англиските медиуми. Арсенал не може да си дозволи да ја плаќа големата плата на германскиот фудбалер и затоа е спремен на лето да го пушти да си замине бесплатно.

Наводно во Арсенал си одредиле други приоритети, а тоа е да се обидат да задржат поважни играчи на кои договорот им истекува во 2021 година, во прашање се Пјер Емерик Обамејанг, Рис Нелсон и Букајо Сако.

Сумата од 350.000 фунти неделно е премногу за Арсенал и таа сума во клубот би ја насочиле кон споменатото трио за да им ги обноват договорите.

Озил во Арсенал пристигна летото 2013 годна од Реал Мадрид за 50 милиони евра и на почетокот беше лидер на тимот, но веќе две години наназад има константен пад на формата.

Ќе потсетиме, претходно Озил се поврузваше со заминување во Турција, а за Фенербахче најмногу се пишуваше како негова потенцијална дестинација.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Како Милан останал без големо засилување поради отказот на Бобан?

Навивачите на Милан можат да жалат по заминувањето на Звонимир Бобан бидејќи токму поранеш…