Дома Фудбал Од Мадрид објаснуваат зошто Реал ќе ја победи Барса во трката за титулата

Од Мадрид објаснуваат зошто Реал ќе ја победи Барса во трката за титулата

Барселона беше на чекор до нивната нова титула во Ла Лига, но направи неколку кикса, па сега на шест меча до крајот Реал Мадрид е во пол-поиција за трофејот.

Барселона изгледа многу неубедливо во последните натпревари, додека „кралевите“ триумфираа на сите пет меча по рестартот на сезоната и тие се на праг до првата титула во Ла Лига по 2017 година.

Очигледно има многу проблеми во каталонскиот гигант, а тренерот Кике Сетиен не знае како да ги реши. Барселона не ги контролира натпреварите како во минатото, па често ја губат топката.

Од друга страна, Реал е одличен, посебно во одбраната се цврсти Рафаел Варан и Серхио Рамос, а доминираат и Касемиро и Карим Бензема.

Барселона во следните натпревари игра против Атлетико Мадрид и Вилјареал, кои ќе бидате ептен тешки противници и можат да загубат бодови, додека „кралевите“ немаат посериозен противник.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ја видовте реакцијата на Симеоне кога Гризман влезе во игра? (ВИДЕО)

Антоан Гризман минатото лето се реши да го напушти Атлетико каде што играше одлично и да с…