Дома Луд Спорт Од забава формирале клуб, па станаа прваци на Австрија – им претстои Лига на шампиони

Од забава формирале клуб, па станаа прваци на Австрија – им претстои Лига на шампиони

Откако како вицешампиони две сезони ја чекаа својата шанса за да стигнат до трофејот, членовите на клубот во мал фудбал FC Diamant Linz стигнаа до титулата прваци на австриската футсал лига.

Иако, наизглед, името на клубот не открива многу, зад тоа се крие доста интересна приказна за новите прваци кои во Линц стигнале од Босна и Херцеговина.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Пред петнаесетина години Изо Муриќ од Голема Кладуша, заедно со неколку свои пријатели од Краина, во потрага по добра забава го формирале овој клуб. Но, дружбите и рекреацијата во слободно време наскоро прераснале во доста возбудливо натпреварување, кое на крајот ќе им донесе слава во светот на малиот фудбал во Австрија.

При формирањето на клубот никој од основачите не ни сонувал за она кое денес, со заеднички труд и добра игра, го постигнаа тимски, освојувајќи го првото место во ÖFB футсал лигата во Австрија. Овој викенд им преостана уште еден официјален натпревар, против екипата Klagenfurt, но членовите на клубот, чиј состав го сочинуваат Енди Нухановиќ, Ренаил Хишиќ, Едвин Шкргиќ и Нихад Порчиќ, веќе можат да почнат со славење на големиот успех.

Со новата титула ги очекува и учество во Лигата на шампионите во футсал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Кој е Александар Стефанов? Најсериозниот кандидат за наследник на Мукаетов!

Многу брзо по завршувањето на Светското ракометно првенство, фокусот на Ракометната федера…