Дома Фудбал Од Барселона бараат промени на форматот на две натпреварувања во Шпанија

Од Барселона бараат промени на форматот на две натпреварувања во Шпанија

Барселона на чело со својот претседател Хозе Марија Бартомеу достави интересни предлози до фудбалскиот сојуз на Шпанија.

Имено, Каталонците сметаат дека форматот на шпанскиот куп и Суперкупот на Шпанија би можеле да бидат променети.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Од Барселона сакаат шпанскиот куп да го играат по примерот на Англичаните и Италијанците. Од Италијанците би го позајмиле правилото најдобрите клубови во купот да се вклучуваат во самата завршница, а од Англичаните правилото домаќинството да се одлучува со ждрепка.

Шпанскиот Суперкуп традицијално се игра во два натпревари, а Барселона смета дека идеално е да се игра еден натпревар на неутрален терен, како во Англија. Каталонците ја поддржуваат и идејата Суперкупт да се игра надвор од Шпанија.

Во Каталонија сметаат дека ваквите промени би придонеле најдобрите шпански клубови поодморни да влегуваат во завршницата од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …