Дома Фудбал Англија Одлични вести за Јунајтед – Еве на кој натпревар Ибра се враќа на терените

Одлични вести за Јунајтед – Еве на кој натпревар Ибра се враќа на терените

Златан Ибрахимовиќ во април заработи тешка повреда на натпреварот во Лигата на Европа против Андерлехт. Корпулентниот Швеѓанец тогаш ги скина лигаментите на коленото, а иако многумина му предвидоја крај на кариерата, тој успешно закрепнува.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Закрепнувањето на Ибра ги „натера“ лидерите на Манчестер Јунајтед да му понудат нов договор. Тој истиот и го потпиша, а сега е познато на кој натпревар ќе се врати Златан.

Според пишувањата на „Football365“, Ибра ќе се приклучи на тренинзите на „Црвените ѓаволи“ во ноември, а во составот на Јунајтед би требало да се врати на почетокот на декември и тоа за дербито против Арсенал.

Пофални зборови за Ибрахимовиќ имаше и неговиот конкурент во составот на Јунајтед, Ромелу Лукаку.

„Веќе некое време знаев дека Златан ќе потпише нов договор, но никого не кажав. Среќен сум. Потребен ни е неговиот карактер. Мислам дека многу ќе ни помогне“, изјави Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Момчето е измамник“: Клубот бара 150 милиони евра, а тој не испрати удар кон голот за време на СП!

Младата ѕвезда Јан Диоманде има разочарувачки настап на Светското првенство. Овој 19-годиш…