Дома Фудбал Италија Одлични вести за Јувентус пред дербито со Интер

Одлични вести за Јувентус пред дербито со Интер

Тренерот на Јувентус, Алегри соопшти добри вести пред големото дерби со Интер во недела на „Алијанц Стадиум“.

За големото дерби во тимот се враќаат неколку важни фудбалери, па Алегри ќе може да смета на Ди Марија, Влаховиќ и Бремер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тројцата се рехабилитираа од повредите, се вратија во тренажен процес и ќе бидат спремни за големото дерби.

Овој натпревар ќе биде многу важен за Јувентус и Интер, кои веќе заостануваат многу зад лидерот, па поразениот целосно ќе отпадне од трката за Скудетото.

Другата добра вест за „бјанконерите“ е што синоќа на мечот против ПСЖ се врати Киеза, после пауза од една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…