Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп конечно нема кадровски проблеми кои беа многу чести во последните две сезони.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
На денешната пресконференција пред мечот со Кардиф во ФА Купот, Германецот изјави дека сите повредени фудбалери се вратиле на тренинзите и му се на располагање.




Харви Елиот, Алкантара, Наби Кеита и Дивок Ориги се на располагање, единствено недостасуваат Садио Мане и Мохамед Салах кои се на Африканскиот Куп.




Клоп објави дека и двајцата ќе се вратат и ќе бидат на располагање за дуелот со Лестер во четврток.
„Импресиониран сум од рехабилитацијата на Харви, кој работеше напорно. Сигурно ќе биде дел од групата за мечот со Кардиф, како и останатите кои се опоравија од повредите“, изјави Клоп.