Човекот кој ја одбележа епохата во германската клупска и репрезентативна историја во фудбалот се враќа ова лето.
Само неколку дена по обелодувањето дека Јап Хајнкес на клупата на Баерн ќе го наследи Нико Коваќ од Баварија пристигнува една голема вест.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Новинарот на „Билд“ кој ги следи случувањата во Баерн, Кристијан Фалк објави дека на „Алијанц Арена“ се враќа Мирослав Клосе.
Некогашниот фудбалер на Баерн и легендарниот германски репрезентативец, ќе ја презеде функцијата на прв тренер на младиот клуб на германскиот шампион.
Мирослав Клосе донесе одлука да го заврши ангажманот кој го имаше во фудбалскиот сојуз на Германија и да се приклучи на клубот за кој како играч настапуваше во периодот од 2007. до 2011. година.
Германецот роден во Полска со Баерн освои две титули во Бундеслигата.
За потсетување, Мирослав Клосе го оддржува рекордот по бројот на постигнати погодоци на Светските првенства. Некогашниот напаѓач на „Панцерите“ постигна вкупно 16 погодоци на четири Мундијала. Клосе покрај тоа е најдобар стрелец на репрезентацијата на Германија со 71 постигнат погодок.