Дома Фудбал Одбиена жалбата на Барселона за Левандовски

Одбиена жалбата на Барселона за Левандовски

Откако вчера Полска беше елиминирана од Мундијалот во Катар, Роберт Левандовски денес доби нови лоши вести.

Комтитетот за жалби на Фудбалската федерација на Шпанија ја одби жалбата на Барселона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Барселона се жалеше на суспензијата од три натпревари за својот напаѓач поради двата жолти картони. Полјакот доби еден натпревар суспензија за двата картони и исклучувањето, плус казна уште два меча поради недоличниот гест кон судиите додека го напушташе теренот.

Во Барселона не се согласуваа и се жалеа на првиот картон кој го доби Левандовски, меѓутоа од Фудбалскиот сојуз на Шпанија само ја потврдија казната.

Следен потег на Барселона би бил ако се одлучи да се жалат пред Судот за спортска арбитража, но во овој момент како што стојат работите тој нема да игра против Еспањол, Атлетико и Гетафе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дембеле ги критикуваше соиграчите: ПСЖ мора да биде приоритет, а не индивидуалците

ЛEНС има шанса да се искачи на врвот на француската лига откако Пари Сен Жермен доживеа по…