Дома Фудбал Репрезентации Огромна чест: Роналдо и Марадона ја доделија Златната топка за најдобар играч на Купот на конфедерации

Огромна чест: Роналдо и Марадона ја доделија Златната топка за најдобар играч на Купот на конфедерации

Германија го освои Купот на конфедерациите, а нејзиниот мајстор е прогласен за најдобар играч на овогодишениот турнир.

Играчот за врска на германската фудбалска репрезентација и на францускиот ПСЖ, Јулиан Дрекслер, е прогласен за најдобар играч на Купот на конфедерациите, кој заврши во Русија со освојување на трофејот од страна на Германија.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Дрекслер ја освои Златната топка предводејќи ја својата репрезентација до титулата и победа над Чиле во финалето. Златната копачка за најдобар стрелец ја доби Германецот Тимо Вернер, кој турнирот го заврши со три погодоци и две асистенции. Три гола постигнаа и неговите репрезентативни соиграчи Леон Горецка и Ларс Штиндл.

Наградата за најдобар голман, Златна ракавица, ја доби чилеанскиот голман Клаудио браво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ханзи Флик не брза да потпише нов договор со Барселона

Главниот тренер на Барселона, Ханзи Флик, засега не покажува желба за долгорочна обврска с…