Ливерпул е во голема резултатска криза во последно време, а медиумите блиски до клубот тврдат дека тројца фудбалери сигурно ќе го напуштат „Енфилд“ на крајот на сезоната.
Според пишувањето на „Гардиан“ Ливерпул ќе претрпи одредени кадровски промени на лето, па на неколку фудбалери сигурно ќе им биде отворена излезната врата.
Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓
Прв на списокот за заминување е Даниел Стариџ, фудбалер кој оваа сезона не е во прв план кај Јирген Клоп. Напаѓачот имаше понуди и во јануари да го напушти „Енфилд“, наводно ПСЖ сакал да го донесе на позајмица, но Клоп го стопирал трансферот.
Покрај него готово сигурно клубот ќе го напушти и Лукас Леива. Бразилецот не игра често оваа сезона, а на лето му истекува договорот, па ќе замине од „Енфилед“ како слободен агент.
Клубот сигурно ќе го напушти и Алваро Морено, кој често е мета на критики и не е во добри односи со навивачите, а неизвесна е иднината и на Емре Чан. Клоп не е задоволен од неговите игри и често јавно го критикува, но проблемот е што нема алтернатива за него, па на лето доколку пристигне примамлива понуда ќе му биде дозволено да замине.