Дома Фудбал Останато Овен: Премиер лигата е најдобрата во Европа, Ливерпул е фаворит за ЛШ

Овен: Премиер лигата е најдобрата во Европа, Ливерпул е фаворит за ЛШ

Поранешниот англиски напаѓач, Мајкл Овен смета дека Премиер лигата е најсилното првенство во Европа.

Често се зборува за тоа која е најсилната лига во Европа, а во таа дебата сега се приклучи и поранешниот напаѓач на Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Реал, Мајкл Овен. Овен смета дека Премиер лигата е далеку пред сите.

„Мислам дека Премиер лигата е далеку пред останатите европски лиги и дека е се посилна. Неколку години сме пред останатите. Сега потпишавме со двајцата најдобри играчи во Серија А – Роналдо и Лукаку. Меси премина во послаба лига, така и Ла Лига станува се послаба. Лига 1 никогаш не можам да ја сфатам сериозно“.

Според него Ливерпул е фаворит во Лигата на шампионите.

„Ливерпул е најголемиот фаворит во Лигата на шампионите. Најголема опасност за нив се Сити и Челзи“, смета Овен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Mбапе како тинејџер: Не доби топка, па престана да трча 🎥

Килијан Мбапе летово го продолжи договорот со ПСЖ и доби голем број привлегии, а таквиот с…