Дома Фудбал Англија Овен знае кои тренери се најдобри за Погба: Во тимот на Мурињо изгледа како почетник

Овен знае кои тренери се најдобри за Погба: Во тимот на Мурињо изгледа како почетник

Легендарниот напаѓач Мајкл Овен смета дека Пол Погба би бил еден од најдобрите играчи во светот доколку игра во поинаков систем и под водство на некој друг тренер.

Францускиот репрезентативец игра во слаба форма оваа сезона и понекогаш натпреварите ги започнува од клупата за резерви, а кога игра не е ниту бледа сенка од оној играч во Јувентус.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Овен смета дека начинот на кој Мурињо го води Манчестер Јунајтед не одговара на стилот на Погба и поради тоа Французинот не може да ги покаже своите квалитети.

„Според мене Погба би можел да биде голем играч во друг тим со поинаков систем. Ме нервира она што го гледам од недела во недела бидејќи знам дека Погба е многу подобар од тоа. Малку го сожалувам бидејќи тренерот не го извлекува најдоброто од него“.

„Верувам дека тренерот е тој кој мора да превземе одговорност и тоа поради системот кој го форсира. Кога го гледате Погба можете да помислите дека се работи за некој кој има 16 или 17 години и уште учи да игра фудбал. Доколку игра под водство на Гвардиола или Клоп би бил еден од најдобрите играчи во светот, сега за него тоа не можеме да го кажеме“, изјави Овен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мењан наскоро става потпис

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мајк Мењан, кој моментално брани за Милан, е во нап…