Дома Фудбал Лига на шампиони Ова се можните пет противници на Шкупи во квалификациите за Лигата на шампионите

Ова се можните пет противници на Шкупи во квалификациите за Лигата на шампионите

Утре во 12:00 часот македонскиот шампион Шкупи ќе го дознае својот прв ривал за воведното квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Познати се и петте противници за чаирачни. Шкупи во ждрепката влегува во улога на аутсајдер, а од можните пет три се и тоа како тешки. Тука е Шериф Тираспол кој во изминатата сеозна беше хит во Лигата на шампионите и успеа да го победи Реал Мадрид на „Бернабеу“.

Потоа Карабах кој редовно учествува во групната фаза на европските купуви и амбициозниот словачки шампион Слован Братислава. Условно кажано полесни противници се Ликолн Ред Импс од Гибралтар и Шамрок од Ирска. Сепак треба да се спомене дека Линколн во изминатата сезона играше групна фаза во Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…