Германскиот ХСВ вчера се збогуваше од натпреварувањето во Бундеслигата и следната сезона по прв пат во својата историја ќе игра во понизок ранг.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
ХСВ никогаш не испадна од Бундеслигата, но на се доаѓа крајот, па така и на оваа неверојатна серија на клубот од Хамубрг. Испаѓањето тешко им падна на навиачите на ХСВ кој во самиот финиш предизвикаа прекин на натпреварот и така дадоа знаење до управата на клубот што мислат за овосезонските изданија.
Меѓутоа, во Европа се уште има клубови кои никогаш во својата историја не испаднале од најсилниот ранг на фудбалот во својата држава. Во Шпанија, Португалија, Грција и Турција има по три екипи кои од основањето на лигата играат само во елитата, додека изненадување е дека во Англија нема таков тим. Единствено Арсенал го држи рекордот дека не испадна од лигата уште од 1913. година.
Ова е листата на екипи кои никогаш не испаднале во понизок ранг: Интер, Барселона, Реал Мадрид, Атлетик Билбао, Бенфика, Спортинг, Порто, Селтик, Абердин, Ајакс, ПСВ, Феенорд, Утрехт, ПАОК, Олимпијакос, Панатинаикос, Фенербахче, Галатасарај, Бешикташ.