Манчестер Јунајтед ремизираше без голови кај АЗ Алкмар во второто коло од групната фаза во Лигата на Европа и така ја продолжи една од најлошите низи во клупската историја.
Тоа беше десетто гостување во сите натпреварувања на Манчестер Јунајтед на кое се без победа. Со четири нерешени натпревари и шест порази Јунајтед ја има најдолгата таква низа уште од 1989 година. Тогаш „ѓаволите“ не успеаа да победат на 11 натпревари во низа.
10 – Manchester United have failed to win any of their last 10 away matches across all competitions (D4 L6) – they last went on a longer winless run on the road between February and September 1989 (run of 11). Worrying. pic.twitter.com/doznd0WEp9
— OptaJoe (@OptaJoe) October 3, 2019
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега се на само еден натпревар од изедначување на тој негативен рекорд. Црната низа на гостувањето започна после последната изборена победа оваа година кај ПСЖ (3:1) во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Поминаа 211 дена од кога Јунајтед е без гостинска победа.
La última victoria del United fuera, en marzo, en casa del PSG. Hoy, empate sin goles en la #EuropaLeague https://t.co/iktyLa9xQY pic.twitter.com/3DWLYLOWBD
— MARCA (@marca) October 3, 2019
Колку Јунајтед лош оваа година покажува и следниот податок. После споменатата победа кај ПСЖ Јунајтед собра толку малку бодови што ако продолжи со таква форма би испаднал во четири од последните 24 сезони во Премиер лигата, додека во девет сезони би завршил на 17-тото место, само една позиција над зоната за испаѓање.
Manchester United's form since the 3-1 away win against PSG would see them relegated in the Premier League in four of the last 24 seasons with nine 17th-place finishes.
— UtdArena. (@utdarena) October 3, 2019
A dark time… pic.twitter.com/C9Ipd4MBbY