По успешната кариера во Евертон, Дејвид Мојс во мај 2013. година ја превзеде клупата на Манчестер Јунајтед, откако легендарниот Сер Алекс Фергусон си замина во пензија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Познато е како оваа епизода заврши, отказ по помалку од година дена и дестабилизација на англискиот гигант, а можеби приказната би имала сосема посреќен крај доколку Мојс би ги добил посакуваните две засилување – Герет Бејл и Цеск Фабрегас.
Токму овие две ѕвезди биле примарни желби на Мојс, но наместо нив, пристигна Маруан Фелаини, за жал на навивачите на Јунајтед како и за поранешниот тренер, „Олд Трафорд“ не го доби она што го посакуваше.