Дома Фудбал Останато Ова е листата на најбогатите 10 клуба во светот – Премиер лигата со најмногу претставници!

Ова е листата на најбогатите 10 клуба во светот – Премиер лигата со најмногу претставници!

Пет англиски клубови во ТОП 10 со најголеми приходи.

Познатата ревизорска компанија „Deloitte“ ја објави листата од 20 најбогати светски клубови во светот во сезоната 2016/17., а втора година по ред на врвот е Манчестер Јунатјед со 676,3 милиони евра заработка. Англискиот гигант така по 10. пат е клуб со најголеми приходи во светот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Следуваат два шпански клуба, Реал Мадрид е втор (674,6 милиони евра), Барса е трета со 648,3 милиони. Баерн Минхен е четврти, и единствениот германски клуб во ТОП 10, а ТОП 5 го затвори Манчестер Сити со 527.7 милиони, со што двата клуба останаа на местото од минатата година. ПСЖ е единствениот француски клуб на листата со 486,2 милиони евра приход, а Јувентус е 10.

Поради тоа што приходите во Премиер лигата се најголеми, со двата клуба од Манчестер во ТОП 10 уште се и Арсенал, Челзи и Ливерпул, а во ТОП 20 се и Тотенхем (11.), Лестер (14.), Вест Хем (17.), Саутемптон (18.) и Еверѕон (20.).

За крај, треба да се спомене дека „Deloitte“ во предвид не ги зема долговите, туку само приходите, па така Милан по прв пат во историјата отпадна од ТОП 20.

Листата на 10. најбогати клубови:

1.Манчестер Јунајтед: 676,3 милиони евра.
2. Реал Мадрид: 674,6 милиони евра.
3. Барселона: 648,3 милиони евра.
4. Баерн Минхен: 587,8 милиони евра.
5. Манчестер Сити: 527,7 милиони евра.
6. Арсенал: 487,6 милиони евра.
7. ПСЖ: 486,2 милиони евра.
8. Челзи: 428 милиони евра.
9. Ливерпул: 424,2 милиони евра.
10. Јувентус: 405.7 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…