Ливерпул во Лигата на Шампионите заедно со Рома е големо изненадување, а во последно време „Црвените“ формата ја пренесуваат и во Премиер лигата, па Мане откри што од нив бара Јирген Клоп.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Германецот направи одличен потег со трансферот на Салах минатата година, па така прво беше совладан Манчестер Сити (3:0, 2:1), а потоа и Борнамут 3:0. Мане објасни дека за тоа можат да му се заблагодараат на тренерот Клоп кој постојано ги мотивира.
„Пред натрпеварот Клоп ни рече дека мораме да го покажеме квалитетот и да бидеме агресивни, бидејќи секој натпревар е важен. По Сити мора да се концентрирате повеќе, бидејќи знаете што може да се случи во спротива. Тој се обиде да не мотивира како и обично и на крајот тоа се покажа како добар потег, секој беше на вистинско место во вистинско време“, изјави Мане.
Ливерпул по 34 одиграни натпревари е трет на табелата во Премиер лигата, Салах ја игра сезоната на животот, а слично е и со Мане кој заедно со Фирмино и Чемберлен го комплетираат застрашувачкиот напад на тимот на Клоп.