Дома Фудбал Оваа фотографија е доказ дека во Барселона нешто не е во ред (ФОТО)

Оваа фотографија е доказ дека во Барселона нешто не е во ред (ФОТО)

Tрката за титулата во Ла Лига заврши вчера кога Реал Мадрид го победи Виљареал со 2:0, а и Реал да не победеше се ќе беше завршено затоа што Барселона изгуби од Осасуна со 2:1.

Барселона на едно коло пред крајот на титулата остана без титула, но проблемите не исчезнаа. Иако Кике Сетиен се теши дека е тука со Лигата на шампионите, јасно е дека со ваква игра Каталонците не можат многу во најелитното европско натпреварување.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тоа го потврди и самиот Меси со изјавата по вчерашниот натпревар.

„Играта во натпреварите одлучува каква ќе биде сезоната, а ние бевме навистина лоши. Мислам дека ако продолжиме вака тешко дека ќе ја освоиме ЛШ. Ако работите не се променат и играме вака ќе испаднеме и од Наполи. Со ваков пристап не можевме да бараме повеќе во Ла Лига“, гласеше изјавата на Аргентинецот.

И дека нешто не е во ред во Барселона може да се забележи и со тоа што Едер Сарабија го напушти стадионот веднаш по завршувањето на натпреварот, не даде никаква изјава и не присуствуваше на редовната прес-конференција со Сетиен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблем за Реал, заврши сезоната за Карвахал

Реал Мадрид скапо ја плати победата над Виљареал од 2-0, откако во самиот финиш од мечот т…