Дома Фудбал Англија Обамејанг со изјава по натпреварот против Евертон ги освои навивачите на Арсенал

Обамејанг со изјава по натпреварот против Евертон ги освои навивачите на Арсенал

Габонецот, Пјер-Емерик Обамејанг изјави дека голот кој го постигна во дебито за Арсенал е само најава за она што доаѓа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Напаѓачот во зимскиот трансфер период стана најскапото засилување на „Топчиите“, бидејќи од Борусија Дортмунд пристигна за 56 милиони фунти. Прилика за да се докаже доби вчера против Евертон, додека Лаказет заврши на клпата. Екипата на Арсен Венгер оствари убедлива победа (5:1), а Габонецот голот го постигна во првото полувреме и тоа на асистенција на Хенрик Михтаријан.

„Се разбира дека сум многу среќен. Победивме уште во првото полувреме. Второто полувреме беше поинакво. Дали и понатаму ќе придонесувам за победа на тимот? Мислам дека да. Ќе има уште голови“, изјави Обамејанг.

Со оваа изјава, навивачите на Арсенал добија нов миленик и можеби допрва доаѓаат подобри денови како за нив, така и за Арсен Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Одржана е одлуката! Далиќ ја заврши својата приказна, веќе е познато името на новиот селектор на Хрватска!

Во неверојатен натпревар, Хрватска загуби со 2:1 против Португалија, што очигледно беше по…