Габонецот, Пјер-Емерик Обамејанг изјави дека голот кој го постигна во дебито за Арсенал е само најава за она што доаѓа.
Напаѓачот во зимскиот трансфер период стана најскапото засилување на „Топчиите“, бидејќи од Борусија Дортмунд пристигна за 56 милиони фунти. Прилика за да се докаже доби вчера против Евертон, додека Лаказет заврши на клпата. Екипата на Арсен Венгер оствари убедлива победа (5:1), а Габонецот голот го постигна во првото полувреме и тоа на асистенција на Хенрик Михтаријан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се разбира дека сум многу среќен. Победивме уште во првото полувреме. Второто полувреме беше поинакво. Дали и понатаму ќе придонесувам за победа на тимот? Мислам дека да. Ќе има уште голови“, изјави Обамејанг.
Со оваа изјава, навивачите на Арсенал добија нов миленик и можеби допрва доаѓаат подобри денови како за нив, така и за Арсен Венгер.